Зверев преживеа пет часовен „пекол“ (ВИДЕО)

119

Германскиот тенисер Саша Зверев славеше на почетокот од Отвореното првенство на САД и покрај многуте проблеми. Првиот носител го победи Италијанецот Лоренцо Сонего по пресврт: 6:4, 3:6, 6:7 (7), 7:5, 6:4.

Натпреварот заврши по речиси пет часа голема борба.

Саша беше на еден гејм од елиминација во четвртиот сет, но направи клучен брејк во 11-тиот за израмнување.

Драмата го достигна својот врв во решавачкиот сет, а на почетокот двајцата играчи пропуштија шанса за брејк. Саша беше поуспешен во петтиот гејм и не му дозволи на 89-тиот играч во светот да му ја одземе победата.

Неговиот следен противник, во четврток, ќе биде Квентан Алис, кој го нокаутира Дијаз Акоста со 3-1.

ПретходноЦвитановиќ не сака, спасот за Вардар е црногорецот Божовиќ
СледноВардар го потврди СпортСпорт: Миодраг „Гроф“ Божовиќ е новиот тренер