Мика Муринен има проблеми со полиција – возел без возачка дозвола!

97
фото: fiba.basketball

Финскиот кошаркар Мика Муринен, кој претходно го носеше дресот на Партизан, се најде во проблеми со законот поради сообраќајни прекршоци. Против него е изречена казна за загрозување на безбедноста во сообраќајот, како и за управување со возило без соодветна возачка дозвола.
Според кривичната наредба на обвинителството, издадена на 28 мај, инцидентот се случил на 11 мај попладне во Хелсинки. Муринен тогаш го возел автомобилот на улицата МекКеланкату, иако немал важечка возачка дозвола.
“Полицијата му ја измерила брзината на 76 километри на час на делница каде што ограничувањето е 40 км/ч. Потоа од резултатите од мерењето биле одземени 3 км/ч поради пропишаната толеранција“ – објави „Илта Саномат“.
За двата прекршоци е казнет со вкупна казна од 872 евра. Дополнителна забрана за возење не му е изречена, бидејќи Муринен дури и немал важечка возачка дозвола во Финска.
Во документот, врз основа на регистарските таблички, се наведува и дека кошаркарот возел „Ленд Ровер Рејнџ Ровер“ во сопственост на финансиска компанија.
Муринен се смета за еден од најперспективните млади играчи во финската кошарка. Минатата сезона беше член на Партизан, но го напушти белградскиот клуб кон средината на февруари. Кариерата ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави, каде што следната сезона ќе игра за Универзитетот во Арканзас.

ПретходноДе Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)
СледноАндреј Велков повторно во дресот на Брегалница