УЕФА Куп на Региони: Катастрофален пораз на ОФС Битола

212
ФОТО:FFM.MK

ОФС Битола претрпе катастрофален пораз од 0:7 од велшкиот претставник Тим Рханбартол и Де во натпреварот од УЕФА Купот на регионите.

Велшаните уште во првото полувреме ја најавија високата победа. Џек Џонс во 17. минута и Итан Едвардс во 20. минута донесоа предност од 2:0, а Кејси Кафлин со два гола во 38. и 42. минута го одведе својот тим на убедливи 4:0 на полувремето.

Во вториот дел Кафлин продолжи со одличната голгетерска реализација, постигнувајќи уште два гола во 83. и 90. минута за својот четврти погодок на натпреварот. Претходно, во 79. минута, во листата на стрелци се запиша и Клејтон Фарах за конечни 0:7.

ОФС Битола, предводен од тренерот Васко Бошевски, не успеа да се наметне против физички и резултатски доминантниот велшки состав.

ОФС Битола – Тим Рханбартол и Де 0:7 (0:4)
Стрелци: Џонс 17′, Едвардс 20′, Кафлин 38′, 42′, 83′, 90′, Фарах 79′

ОФС Битола: Александар Балев, Ариф Мерсими, Пепи Трајков, Бојан Кантаровски, Димитар Николовски, Дејан Секуловски, Александар Крстевски, Темур Емини, Иванчо Јовановски, Мики Талевски, Лука Лисолајски. Тренер: Васко Бошевски

ОФС Битола е во Групата 1 од УЕФА Купот на региони, заедно со Тим Рханбартол и Де, Зеница-Добој и Килисија.

ПретходноРаспоред за 6.коло во ПМФЛ: Повторно во недела без прволигашки фудбал, три меча ќе се играат под рефлектори!
Следно“Гроф“ има место само за еден странец, и уште неколку дена…