Денеска со четири меча од 1/16 финалето или првото коло, стартува сезоната 2026/27 во Купот на Македонија. Ова рунда ќе се игра во неколку термини а ќе заврши дури на 14 октомври.
Денеска се играат мечевите Победа Валандово – Струга ТЛ, Студеничани – Пелистер, Велазерими – Македонија ЃП и Венец Неготино – Брера, сите од 16:30 часот.
Утре игра Вардар против Овче Поле, а останатите се играат наредната недела, а две се играат во октомври.
Оваа фаза ќе ја прескокне Силекс, како актуелен освојувач на трофејот во ова натпреварување, и директно ќе се пласира во осминафиналната рунда. Познато е дека Шкендија Тетово по настаните од последното финале оваа година нема да игра во Купот на Македонија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ДВОЈКИ ЗА 1/16 финале
ДНЕСКА – 16.30 Ч
Победа Валандово – Струга ТЛ
Студеничани – Пелистер
Велазерими – Македонија ЃП
Венец Неготино – Брера
УТРЕ – 16.30 Ч
Овче Поле – Вардар
09.09.2026 – 16 Ч
БВК Коњаре – Башкими
Детонит – Шкендија Арачиново
Кожув – ФК Скопје
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица
Саса – Шкупи
Тетекс – Брегалница Штип
24.09.2026 – 16 Ч
Могила – Арсими
06.10.2026 – 15 Ч
Кросу Спорт Битола – Тиквеш
14.10.2026 – 15 Ч
Вардар Неготино – Работнички










