Куп на Македонија: Струга ТЛ броеше до 10, „Лавовите“ до 14, и Пелистер и Брера убедливи

337

Попладнево се одиграа четири меча од 1/16 финалето или 1.коло во Купот на Македонија.

Струга ТЛ како гостин во Струга успеа да ја совлада Победа Валандово со 10:1 и со тоа да избори пласман во следната рунда. Тренерот Бледи Шкемби им даде шанса на помладите, а се истакна Флоријан Рочи со 4 постигнати голови, како 16-годишниот Агон Демири кој беше стрелец на два гола.

Пелистер во Г.Лисиче му гостуваше на составот на Студеничани и очекувано славеше со 1:6. Стрелци на головите беа Стојилевски, П.Љамчевски, Сиваков, К.Стојанов, М.Талевски. Пресилски.

И Брера немаше никаков проблем денеска на мечот со Венец Неготино. Победа од 8:0 на струмичани против Венец Неготино и секако пласман во следното коло.

Сепак најубедлива победа извојува Македонија ЃП која против Велазереми славеше со неверојатни 14:0.

РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ

Победа Валандово – Струга ТЛ 1:10

Студеничани – Пелистер 1:6

Велазерими – Македонија ЃП 0:14

Венец Неготино – Брера 0:8

УТРЕ – 16.30 Ч

Овче Поле – Вардар

09.09.2026 – 16 Ч

БВК Коњаре – Башкими

Детонит – Шкендија Арачиново

Кожув – ФК Скопје

Новаци – Охрид

Осогово – Беласица

Саса – Шкупи

Тетекс – Брегалница Штип

24.09.2026 – 16 Ч

Могила – Арсими

06.10.2026 – 15 Ч

Кросу Спорт Битола – Тиквеш

14.10.2026 – 15 Ч

Вардар Неготино – Работнички

ПретходноСамо во Русија: На аеродром ги пречекаа навивачи со храна и пијалоци, а потоа се случи шок!
СледноДе Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)