На 2 и 3 септември, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, за првпат ќе се одржи меморијалниот турнир „Васил Рингов“, посветен на една од најголемите легенди во историјата на македонскиот фудбал и на најтрофејниот македонски клуб, Вардар.
Повеќе од 20 екипи од Македонија ќе бидат дел од турнирот, во кој ќе настапат најмладите фудбалери од генерациите 2016, 2017 и 2018. За нив ова ќе биде можност за натпреварување и дружење, но и начин најмладите да разберат дека клубот за кој денес го носат дресот има своја приказна, свои херои и генерации кои оставиле трага. А, Васил Рингов е токму еден од нив.
Организаторот упати покана до поранешните соиграчи и клупски фудбалери на Рингов да бидат гости на турнирот, со што на најмладите директно ќе им се пренесе дел од наследството на Вардар. Меѓу гостите се очекуваат Кочо Димитровски, Гордан Здравков, Сашо Тодоровски, Бобан Бабунски, Гоце Штеријев, Гоце Алексовски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Дарко Панчев и Оџаков, имиња кои и самите се дел од богатата историја на клубот.
Турнирот ќе го отвори Срѓан Ивановиќ, автор на биографијата за Васил Рингов, што дополнително му дава на настанот карактер на сеќавање и почит, а не само спортско натпреварување.
Натпреварите на 2. септември (среда) започнуваат во 18:00 часот.
Генерација 2016
Група А: Вардар, Работнички, Овче Поле, Тетекс, Осогово
Група Б: Вардар 2, Напредок, Пелистер, Македонија ЃП, Беласица
Генерација 2017
Група А: Вардар, Македонија ЃП, Осогово, Тетекс
Група Б: Вардар 2, Работнички, Пелистер, Маџари
Генерација 2018
Група А: Вардар, Осогово, Овче Поле, Македонија










