Ројевиќ: Некои работи не ми се допаднаа, честитки за Вардар!

258

ГРК Охрид не успеа да дојде до историскиот пехар во Супер-Куп натпреварување, откако беа поразени од Вардар со 31-32. Избраниците на Борис Ројевиќ имаа свои шанси, но не ги искористија.

Предводникот на ГРК Охрид вели дека допрва ќе анализираат, бидејќи видел работи што не му се допаѓаат.

„Мора да анализирам што се се случи на теренот, некои работи не ми се допаднаа какви беа. Честитки за Вардар за трофејот во Суперкупот, ама ако го освоевме и ние немаше да биде незаслужено. Бевме поблизу до победа, но некои работи кои ги договаравме не се исполнија на терен. Имавме и мал замор заради тешките и напорни патувања кои ги имавме, но би сакал да им честитам на моите играчи за прикажаната борба“, изјави Ројевиќ.

ПретходноЧупиќ го загуби гласот ама вредеше!
СледноФудбалер на Реал фатен пијан како го вози своето Порше!