Борис Бекер: Душата ме боли, Новак не смее да продолжи вака!

372
ФОТО:printscreen

Иако веќе е петти ден на Отвореното првенство на САД, неверојатната елиминација на Новак Ѓоковиќ е сè уште во центарот на вниманието. Многу поранешни асови се огласија во оваа пригода, а еден од нив е Борис Бекер. Шесткратниот шампион на Гренд слем турнири беше еден од тренерите на Ѓоковиќ, и тоа многу успешен. За три години соработка, најдобриот тенисер на сите времиња освои шест големи титули.
“Ме боли душата, Новак не смее да продолжи вака“ – рече Германецот за Евроспорт, каде што ги коментира натпреварите со Флашинг Медоус.
Секако, Бекер не се осврнува само на поразот на Ѓоковиќ тука, туку и на начинот на кој се случил. Особено на оние сцени кога сопственикот на сите најважни рекорди во тенисот повраќа или плаче на средина од теренот.
“Новак мора да размислува за иднината – истакнува Бекер и додава дека има идеја што треба да прави неговиот поранешен тренер, но не сака тоа сè уште да се открие.

Морам малку повеќе да размисчам за тоа. Во еден момент сè завршува, но прашањето е каде да се направи тоа“.
Како некој што поминал многу време со Ѓоковиќ и сè уште е во контакт, Бекер мора да биде меѓу ретките кои точно знаат што се случува. Ноле неколку пати изјави дека се бори со физички проблеми, но сè уште не открил за што станува збор.

ПретходноДанило Гутиќ е ново име во РК Пелистер 2 (ФОТО)
СледноСкопје му вели добредојде на Осман Хасановиќ