Младиот црногорскиот ракометар Данило Гутиќ е нов член на РК Пелистер 2. Раководството на клубот денеска го претстави својот нов ракометар со напомена дека Гутиќ ќе биде едионствен странец кој ќе го носи дресот на вториот тим на ракометниот гигант од Битола.
Данило Гутиќ е голема ракометна надеж на својата Црна Гора, па јасно е дека ако успее да се докаже во составот на РК Пелистер 2, ќе има шанса да дојде и до првиот тим на битолчани предводен од легендарниот Лино Червар.










