„Класика“ во полуфиналето на Евроволеј: Турција закажа дуел со Србија

74
фото: CEV.eu

Женската одбојкарска репрезентација на Турција е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство. Турчинките ќе се сретнат со Србија во полуфиналето откако денеска славеа над Германија од 3:1, по сетови 25:18, 22:25, 25:18 и 25:22.

Најефикасна кај домаќинките беше Кубанката Мелиса Варгас со 26 поени, додека Ердем додаде 12. Полуфиналето ќе се игра во Истанбул, во „Синан Ердем“ арената, во сабота од 18 часот.

Србија и Турција имаат богата историја на дуели во завршниците на Европските првенства. Србинките славеа против Турција во полуфиналето во 2011, 2017 и 2021 година, како и во финалето во 2019 година. Турција ја прекина таа серија во финалето на последното Европско првенство, кога славеше со 3:2.

Во второто полуфинале ќе играат Италија и Полска. Полска денеска во дуелот со Холандија славеше со 3:1 и закажа возбудливо полуфинале со Италијанките.

Претходно„Ваљекас“ не доби зелено светло: Рајо не може да игра дома!
СледноТомовски не можеше сам: 13 одбрани не беа доволни за да се изненади Кил