Официјално: Герсон Родргиес повеќе не е член на Вардар

428

Како што и самиот играч објави преку социјалните мрежи, Герсон Родригес повеќе не е член на актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар.

По големиот скандал кој што интернационалецот од Луксембург го приреди ан гостувањето кај Струга ТЛ, и подоцнежната суспензија, ФК Вардар очигледно одлучи да го тргне напаѓачот и да му даде слободни документи да си замине.

Неофицијално, Вардар оваа „операција“ го чини 40.000 евра, но тоа некој ќе треба да го потврди или пак демантира.

Родригес пак во свој стил, со „срцепарателни“ пораки на социјалните мрежи долови дека се чувствува олеснето што целата оваа ситуација е решена и дека ќе се обиде да најде мир во некаков подруг амбиент.

Како и да е, тој дефинитивно е, и ќе биде во историјата на клубот запаметен како едно од најголемите промашувања кога станува збор за странските засилувања.

 

ПретходноДисциплинска комисија при ФФМ: Црвениот картон на Лавал чини три меча суспензија
СледноСтеф Кари одлучи каде ќе ја заврши кариерата