Ужас: Млад кошаркарски тренер од Охрид загина во сообраќајна несреќа!

1712

Лоша, ужасна вест за спортот и кошарката во Македонија. Имено во сообраќајна несреќа загина младиот кошаркарски тренер Антонио Савески од Охрид. Савевски имаше само 33 години и беше еден од најпознатите тренери во младинските категории.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа на патот Кичево – Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила опколу 23 часот кога возилото Хјундаи со охридски таблички, во кое бил Савевски, прво удрило во кучиња скитници а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.

Савевски последниот ангажман го имаше во Ангели, а претходно беше во Вардар, Водно Санс и Охрид.

ПретходноЛаутаро: Гласините за мој трансфер во Барса беа вистинити!
СледноДанило Гутиќ е ново име во РК Пелистер 2 (ФОТО)