Арсенал му го продаде Габриел Мартинели на саудискиот Ал Хилал, во трансфер вреден 70 милиони евра. За лондонскиот клуб тоа е најскапата продажба во историјата.
Бразилскиот крилен напаѓач потпиша четиригодишен договор со Ал Хилал, каде ќе ја продолжи кариерата во Саудиската Про лига. Мартинели го напушта Арсенал по седум години, откако во 2019 година пристигна од бразилскиот Итуано.
За „топчиите“ одигра 278 натпревари, постигна 62 гола и освои Премиерлига, ФА Куп и два Комјунити Шилда.










