Барди доби суспензија од два меча за црвениот картон

47
фото: Radyospor @radyospor (X)

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон кој го доби на последниот меч од турската Суперлига.

Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација го казни Барди поради сериозен прекршок над противнички фудбалер. Барди доби директен црвен картон на натпреварот против Коџаелиспор одигран на 29 август.

Поради суспензијата, македонскиот интернационалец ќе ги пропушти следните два официјални натпревари на Коњаспор.

ПретходноГана го врати Карлос Кеирош на селекторското место
СледноКавај Ленард ќе потпише договор со Торонто Репторс