И тоа како интересно беше на дербито во шампионатот на БиХ на мечот Широки – Сараево, а во главна улога беше нашиот репрезентативец Агон Елези. Имено се играше шестата минута од судиското продолжение, кога Елези убаво се снајде пред домашниот гол и ја тресеше мрежата за 1:2. Имаше проверка од страна на ВАР ама на крајот Елези и неговите соиграчи му се израдуваа на голот и победата. По мечот тој беше прогласен и за МВП на оваа дерби средба.
Инаку не е тајна дека Агон Елези е еден од најдобрите фудбалери во “бордо“ тимот од Сараево.
Голот на Елези е во 7.50 минута од видеото.










