Утре од 18.30 часот на Градскиот стадион во Штип, во меч од 6.коло во нашата елитна фудбалска лига, домашниот состав на Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново. Ова за штипските “сини“ ќе биде трет меч на свој терен, на минатите два тимот на Никола Кузманов славеше убедливи победи.
Најдобриот стрелец на Брегалница во досегашниот дел од првенството, Мартин Стојанов, ги истакна своите очекувања за овој дуел против дебитантот во елитата:
“Утре играме дома, пред нашите верни навивачи, а тоа е мотив и обврска за нас да дадеме максимум од своите можности. Во никој случај не го потценуваме противникот, но ние одиме на победа уште од прва минута и ќе атакуваме уште од прва минута. Очекувам да се вратиме на победите и да ја израдуваме нашата публика. Ги поканувам навивачите повторно да го наполнат Градски и на крај сите заедно да славиме.” посочи Стојанов.















