Модриќ за одлуката која ја чека цела Хрватска: Прво морам…

171
ФОТО:.facebook.com/cff.hns/

Лука Модриќ сè уште не донел конечна одлука дали да ја продолжи кариерата со хрватската репрезентација. Во големо интервју за шпанскиот весник АС, капитенот на „Коцкестите“ зборуваше за својата иднина во репрезентацијата, а откри и што треба да направи пред конечно да го прекине молчењето.
Хрватска ќе игра натпревар против Шпанија на стадионот “Санчез-Писхуан“ на 26 септември во рамките на Лигата на нации, а Шпанците беа заинтересирани повторно да го видат Модриќ таму во хрватски дрес.
„Прво морам да донесам одлука и да разговарам со луѓето од Федерацијата и со новиот селектор кој штотуку ја презеде репрезентацијата“, рече Модриќ.
Новиот селектор е Славен Билиќ, човек кого Модриќ многу добро го познава. Новинар на “АС’ му рекол дека слушнал дека двајцата имаат одличен однос, што хрватскиот капитен веднаш го потврдил.
„Да, да, имаме многу добар однос. Моето патување во репрезентацијата започна со него во репрезентацијата до 21 година. Првиот што ме повика во сениорската репрезентација беше Златко Крањчар, но по тоа Светско првенство дојде Славен Билиќ, кој сега се врати, и поминавме шест години заедно во текот на кои направивме многу добри работи.“
Билиќ го започна својот прв мандат на клупата на Хрватска во 2006 година, а Модриќ беше еден од клучните играчи на неговата генерација. Сега нивните патишта би можеле повторно да се вкрстат.
Модриќ не криеше колку го цени враќањето на својот поранешен тренер. Покрај тоа, тој верува дека ХНС направил најдобар можен потег со неговото ангажирање.
„Не беше како во последните години, но бевме блиску до одлични работи и мислам дека неговото враќање беше многу добра одлука од страна на Федерацијата. Тој беше најдобрата опција.“
Сепак, дури и одличниот однос со Билиќ сè уште не е гаранција дека Модриќ ќе ја продолжи својата репрезентативна кариера. Пред тоа, ќе има разговор по кој треба да се донесе конечна одлука.
„Како што реков, прво треба да разговарам со него и со Федерацијата и да им ја кажам мојата одлука, а потоа ќе видиме дали можеме повторно да се собереме“, заклучи тој.

ПретходноНБА не простува: Клиперси казнети со 30 милиони долари, Кавај Ленард со 700.000 долари!
СледноДојде и тој ден: Един Џеко објави крај на репрезентативната кариера