Новиот тренер на Вардар го следи куп мечот против Овче Поле

228

Во моментов, актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Вардар го игра куп дуелот од почетната фаза од ова натпреварување сезонава, на гостински терен против тимот на Овче Поле.

На трибините на стадионот се наоѓа и новиот шеф на стручен штаб на тимот на Вардар, црногорецот, Миодраг „Гроф“ Божовиќ кој пред само два дена беше и поставен на оваа функција.

Тој премиерно се појавува во својство на нов тренер на Вардар, што значи дека од утре ја презема и екипата.

Вардар в понеделник на домашен терен на комплексот Петар Милошевски во Скопје од 19:00 часот го игра дуелот против Арсими, во рамките од шестото редовно коло од ПМФЛ Шампионатот.

 

ПретходноСтеф Кари одлучи каде ќе ја заврши кариерата
СледноВетеранот Ел Шарави се врати дома