Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски имаше уште една одлична партија во дресот на Битигхајм во Бундеслигата. Вечерва во меч од второто коло, Битигхајм на домашен терен загуби од Кил со 28:36, но Томовски беше еден од најзаслужните за доброто отворање на натпреварот, со четири одбрани во првите 12 минути.
Македонскиот голман натпреварот го заврши со 13 одбрани. Со тоа Томовски стигна до вкупно 28 одбрани во првите две кола. Тој моментално е лидер во Бундеслигата по бројот на одбранети удари.










