Лоша, ужасна вест за спортот и кошарката во Македонија. Имено во сообраќајна несреќа загина младиот кошаркарски тренер Антонио Савески од Охрид. Савевски имаше само 33 години и беше еден од најпознатите тренери во младинските категории.
Сообраќајната несреќа се случила синоќа на патот Кичево – Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила опколу 23 часот кога возилото Хјундаи со охридски таблички, во кое бил Савевски, прво удрило во кучиња скитници а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.
Савевски последниот ангажман го имаше во Ангели, а претходно беше во Вардар, Водно Санс и Охрид.










