Антиќ купи дрес на Јамал за 2500 евра како донација во хуманитарни цели

452

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ уште еднаш покажа дека шампионскиот карактер не се гледа само на спортскиот терен. Поранешниот прв човек на македонската кошарка и амбасадор на КК Игокеа го откупи потпишаниот дрес на фудбалската ѕвезда Ламин Јамал за 2.500 евра, во рамките на хуманитарната аукција на „Adria Sports Conference“.

Приходот од аукцијата е наменет за лекување на петгодишниот Реља Бокан и двегодишната Софија Дујловиќ од Бања Лука, кои водат тешки животни битки.

Антиќ, кој е голем пријател на конференцијата, со својот потег даде значаен придонес во акцијата, покажувајќи дека вистинскиот шампионски дух е многу повеќе од освоени трофеи.

На аукцијата беше понуден и потпишаниот дрес на Дани Олмо. И тој беше продаден за 2.500 евра, а во име на КК Игокеа го откупи извршниот директор на клубот, Вук Радивојевиќ.

ПретходноШампионот вечерва ја отвора новата сезона во ракометната Суперлига
СледноПМФЛ: Дерби на ФФМ – Шкендија против Тиквеш, Брегалница на мегдан со Шкендија Арачиново