Башкими донесе уште двајца странци

137

Последнопласираниот тим во домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Башкими одлучи во своите редови да донесе уште двајца странци пред крајот на преодниот рок летово.

Се работи за Антонио Да Силва Санка Рашид односно Елиас Грахим. Нема премногу информации за овие двајца фудбалери кои што се очигледно во насока на засилување на навалните редови на тимот.

Башкими уште од стартот на шампионатот има проблем со освојувањето на бодови, па секое засилување очигледно е добредојдено.

ПретходноБрегалница ќе игра со интернационалец од Канада во нападот
СледноАК Аеродром Скопје учествуваше на детските Европски атлетски игри 2026