Неверојатно: Кирјос доби само еден месец суспензија поради користење кокаин!?

49

Австралискиот тенисер Ник Кирјос прифати едномесечна суспензија поради позитивен допинг-тест на кокаин. Според антидопинг правилата, основната суспензија за ваков прекршок изнесува три месеци.

Сепак, казната му е намалена на еден месец, откако 31-годишниот Австралиец прифатил да учествува во програма за третман одобрена од ИТИА. Кирјос пред истражителите признал дека кокаинот го употребил рекреативно, за време на излегување во пресрет на настапот на Мајорка.

Независен научен експерт проценил дека количината пронајдена во примерокот е во согласност со неговото објаснување дека употребата се случила надвор од натпреварувањето. Тој претходно јавно се извини, признавајќи дека направил „голема грешка“ и преземајќи целосна одговорност.

Суспензијата завршува денеска, под услов Кирјос да ја заврши програмата, па Австралиецот повторно ќе може да се натпреварува.

ПретходноПМФЛ: Дерби на ФФМ – Шкендија против Тиквеш, Брегалница на мегдан со Шкендија Арачиново
СледноЏани му „врати“ на Чеферин: ФИФА со сериозни обвинувања до УЕФА