Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ уште еднаш покажа дека шампионскиот карактер не се гледа само на спортскиот терен. Поранешниот прв човек на македонската кошарка и амбасадор на КК Игокеа го откупи потпишаниот дрес на фудбалската ѕвезда Ламин Јамал за 2.500 евра, во рамките на хуманитарната аукција на „Adria Sports Conference“.
Приходот од аукцијата е наменет за лекување на петгодишниот Реља Бокан и двегодишната Софија Дујловиќ од Бања Лука, кои водат тешки животни битки.
Антиќ, кој е голем пријател на конференцијата, со својот потег даде значаен придонес во акцијата, покажувајќи дека вистинскиот шампионски дух е многу повеќе од освоени трофеи.
На аукцијата беше понуден и потпишаниот дрес на Дани Олмо. И тој беше продаден за 2.500 евра, а во име на КК Игокеа го откупи извршниот директор на клубот, Вук Радивојевиќ.
View this post on Instagram










