Нашиот Андреас Трајковски, еден од нашите најдобри атлетичари и еден од најдобрите на овие простори во скокови во далечина, се пофали дека го остварил својот детски сон. А тоа значи дека во емисија ртазговарал со Карл Луис, со најголемиот на сите времиња во светот на атлетиката и спортот воопшто. Македонецот поставува прашања а Карл одговара, разговор кој трае околу два часа.
Јасно е дека ова е нешто за Андреас кој долго, цел живот ќе го памети.
Инаку емисијата ќе може премиерно да се види на 14 септември.










