Промоција: Филип Антовски во дресот на Елбасан!(ФОТО)

90

Вечерва и официјално раководството на Елбасан се пофали ги засилил своите редови со Филип Антовски. Ова е добар трансфер на Македонецот ако се знае дека Елбасан е вицешампион на Албанија од минатата сезона.

Кога сме кај Антовски (25) тој може да игра како класичен лев бек, но и офанзивен лев бек. Последен клуб му беше Брера, инаку е “дете“ на Вардар од каде во таа 2019 година направи трансфер во вториот тим на Динамо Загреб. Потоа следуваа Славија Софија, Австрија Виена, Истра, Карвина.

За младата У-21 селекција на Македонија одграл 23 меча.

ПретходноПоради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука
СледноКК Маџари со ново име – КК Скопје!