Струга доведе стопер од Франција кој играл за Лил

87

Струга Трим Лум го потврди ангажманот на младиот Анди Демири, 19-годишен фудбалер со потекло од Тераце, Тетово. Демири фудбалски се оформувал во Франција, каде што настапувал за младинскиот тим на Васкехал, а од 2024 година бил дел и од познатиот Лил.

Неговиот потенцијал му донел и повик во репрезентацијата на Косово до 19 години, а извесен период тренирал и со сениорската селекција. Струга со младиот стопер потпиша двегодишен договор. Демири игра на позицијата централен дефанзивец и е висок 192 сантиметри.

ПретходноАнчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона
СледноБлескави одбрани: Томовски покажа класа во Бундеслигата (ВИДЕО)