Бетис го победи Реал на Мурињо, Мбапе промаши пенал во 90+4. минута!

74
ФОТО:x.com/realmadriden

Овој Реал Мадрид на Мурињо сепак и не е така моќен како што изгледаше во првите три кола. Вечерва во Севиља, на гостувањето кај Бетис, “Кралевите“ се поразени со 1:0, ова е прв сезонски пораз на Реал, прв на Мурињо во неговиот втор мандат како тренер на “белите“.

Победничкиот гол беше дело на Парот во 81.минута а потоа драми, невидени драми на “Ла Картуха“. Прво Еспи во 88.минута погоди за 1:1, но радоста беше прекината од страна на ВАР со оглед на тоа дека имало офсајд. Потоа во 90+2.минута пенал за Реал.

Одговорноста ја презеде Мбапе, но не успеа да го совлада домашниот голман. Претходно Килијан имаше и два зицери, сепак на крајот Бетис славеше голема, голема победа.

ПретходноИсак со два гола за три минути го “реши“ Ипсвич
СледноМонако го шокираше ПСЖ среде Париз