Франција е најголем „извозник“: Од продажба на играчи француските клубови заработија 1,7 милијарди долари

121

Француските фудбалски клубови заработиле најмногу од продажбата на фудбалери другите лиги во текот на овој летен трансфер период. Според податоците на ФИФА, од 1 јуни до 2 септември француските клубови само од продолжба на играчи инкасирале 1,7 милијарди долари.

На второто место на листата се клубовите од Англија, кои продале фудбалери за вкупна сума од 1,43 милијарди долари, па следуваат Германија со 1,02 милијарди и Шпанија со 773 милиони долари.

Во топ 10 се и Португалија, Италија, Белгија, Холандија, Бразил и Данска.

Интересно е што Франција заработила речиси трипати повеќе од сумата што ја потрошила на играчи од странство. Овие податоци уште еднаш ја потврдуваат позицијата на француските клубови како едни од најголемите „извозници“ на фудбалски таленти.

ПретходноСалах доби син, неизвесно е дали ќе настапи за Трабзон викендов
СледноВАРДАР СО ТРОФЕЈ ЈА ОТВОРИ НОВАТА СЕЗОНА