Алкалоид со сигурна победа ја отвори сезоната, триумф и на Прилеп

111

Алкалоид со победа ја започна новата сезона во македонската Суперлига. На домашен терен во Автокоманда, тимот на Кире Лазаров славеше над Мулти Есенс со 38:28.

Уште од почетокот, домашните го контролираа натпреварот. До паузата домашниот состав имае предност од 16:11. Мулти Есенс во првото полувреме се обидуваше да одржи чекор, но поискусниот противник беше подобар.

Во вториот дел Алкалоид продолжи со сигурна игра и постепено ја зголемуваше предноста. Во еден момент разликата достигна осум до девет гола.

Најефикасен кај победникот беше Димитар Митев со девет голови, Стојковиќ постигна седум, додека Марко Митев и Петковски постигнаа по пет гола. Кај Мулти Есенс најефикасен беше Дамчевски со шест погодоци.

Во вториот меч одигран вечерва, екипата на Прилеп сп 38:31 го совлада тимот на Куманово.

ПретходноЛаутаро за спектакуларен пресврт и победа на Интер
СледноДориев со гол и асистенција за нова победа на Согдиана (ВИДЕО)