На денешните квалификации од трката од Формула 1 шампионатот која што се возеше на легендарната патека Монца во Италија, огромно изненадување приреди возачот на тимот на Алпин, Пјер Гасли.
Тој ќе стартува прв на утрешната главна трка, а ова е за него секако прва ваква стартна позиција, заедно со неговиот тим.
Со време од 1:21.786 тој во самиот финиш обезбеди ваков пласман, и утре ќе тргне од најдобрата можна позиција.
Втор заврши Џорџ Расел, пред Оскар Пјастри.










