Италија и Турција ќе се борат за европскиот престол

58
фото: CEV.eu

Одбојкарките на Италија и Турција ќе играат во големото финале на Европското првенство 2026. Италијанките вечерва во второто полуфинале ја совладаа Полска со 3:1 и и се приклучија на Турција во утрешната битка за златото.

Италијанките убедливо го започнаа полуфиналето и ги освоија првите два сета со идентични 25:19. Полјачките, сепак, се вратија во третиот сет и со подобра игра славеа со 25:21. Италија не дозволи поинакво сценарио и одлично го отвори четвртиот сет, за на крај да го освои со убедливи 25:16.

Домаќинот Турција, која претходно ја совлада Србија со 3:0, утре ќе биде голем ривал на Италијанките за европскиот престол.

Србија и Полска, претходно ќе се сретнат во натпреварот за бронзениот медал.

ПретходноСерафимов без сериозна повреда, ќе се врати ли до репрезентативната пауза?
СледноБензема сакал бесплатно да игра за Лион, но договорот со Саудиска Арабија го спречува