На денешната официјална прес конференција, тренерот на тимот на Барселона, Ханси Флик го најави утрешниот дуел од новото коло од Примера, против екипата на Валенсија, на гости од 16:15.
Искусниот стратег запрашан околу состојбата на Ламин Јамал, кој што се жалеше на повреда изминатите денови изјави.
„Имаше повреда и не тренираше со тимот. Одвоено работеше денеска, но по тренингот самиот рече дека е се во ред. Патува со нас вечерва и се надевам дека ќе биде утре способен да настапи“ – рече Флик, па се осврна на поразот на Реал Мадрид.
„Реал одигра супер меч и имаше многу шанси. Но ете, на крајот загуби, што се случува во фудбалот. За нас е најважно да се фокусираме на себе“ – додаде Флик на прашањето дали волку рано во сезоната очекувал шанса за бодовна разлика во однос на Реал.










