Њукасл се спасуваше против Борнмут (ВИДЕО)

36

Во првиот дуел од денешната програма во англиската Премиер лига, тимот на Њукасл, на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика, и одигра само 2:2 против мотивираниот и борбен, Борнмут.

И не само тоа. Гостите беа блиску и до освојување на трите бода, откако имаа 0:2 по само 35 минути со погодокот на Тавенрие, односно автоголот на Тиао.

Домаќинот бргу се врати со евроголот на Барнс во 37. минута, за да на нов гол се чека дури до финишот на мечот.

Во 88. минути Ремзи со одмерен удар реализираше за 2:2, и го спаси домаќинот од дебакл на овој меч.

Њукасл по три кола има пет бода, додека Борнмут од исто толку обиди собра два поена.

ПретходноХеројот од Палермо денеска полни 34 години
СледноЛацио посилен за Диого Леите