Флик: Јамал ќе биде ок… Реал? Треба да се фокусираме на нас

36

На денешната официјална прес конференција, тренерот на тимот на Барселона, Ханси Флик го најави утрешниот дуел од новото коло од Примера, против екипата на Валенсија, на гости од 16:15.

Искусниот стратег запрашан околу состојбата на Ламин Јамал, кој што се жалеше на повреда изминатите денови изјави.

„Имаше повреда и не тренираше со тимот. Одвоено работеше денеска, но по тренингот самиот рече дека е се во ред. Патува со нас вечерва и се надевам дека ќе биде утре способен да настапи“ – рече Флик, па се осврна на поразот на Реал Мадрид.

„Реал одигра супер меч и имаше многу шанси. Но ете, на крајот загуби, што се случува во фудбалот. За нас е најважно да се фокусираме на себе“ – додаде Флик на прашањето дали волку рано во сезоната очекувал шанса за бодовна разлика во однос на Реал.

 

ПретходноЛацио посилен за Диого Леите
СледноТорино со пресврт до победа во Фиренца