Во рамките од новото коло од ПМФЛ шампионатот, денеска на комплексот Петар Милошевски, екипите на Башкими го совлада домаќинот Скопје со конечни 1:2, и на тој начин дојде до првите бодови сезонава.
Во меч во кој што имаше доста возбудувања, тензии, картони, прекини гостите беа подобри за тој еден гол и ги однесоа бодовите во Куманово.
Се почна во 28. минута кога Да Силва погоди за водство на гостите по една грешка на домашната одбрана.

Во 62. минута повторно дефанзивците на Скопје неодлучни и тоа беше веќе 0:2 за гостинската екипа со голот на Адис Мурати.
Во 69. минута по изнудениот пенал од Кристијан Николовски, сигурен реализатор за домашните беше Адем Али.
До крајот Скопје имаше една две ситуации пред противничкиот гол но истите не ги искористи.

Мечот на неколку пати беше прекинат поради тензии пред се од двете клупи за резервни играчи при што главниот судија мораше да дели и исклучувања. На теренот пак беа доделени дури единаесет жолти картони.
















