ВМФЛ: Беласица на гости кај Кожув, утре се играт двете дербија во Новаци и Струмица

75
ФОТО:.facebook.com/belasicafc

Попладнево од 16.30 часот се играат пет натпревари од 4.коло во ВМФЛ, утре се играат уште два меча. Додека утре исто од 16.30 часот на програмата се уште два меча, и двата ќе биде дерби натпревари ако се знае дека во Новаци играат Пелистер – Работнички, а во Струмица се сречаваат Брера и Македонија ЃП. Сите овие четири екипи во минатата сезона играа во елитната лига на Македонија.

Беласица денеска ќе има тешко гостување во Гевгелија кај Кожув, додека интересно ќе биде во Камењане каде се среќаваат Камјани и Новаци. Детонит влегува како фаворит во мечот со Осогово. Тетекс го пречекува Охрид а во скопската пресметка се среќаваат Еуромилк и Шкупи.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА 16.30 Ч

Камењане: Камјани – Новаци

Радовиш:Детонит – Осогово

Гевгелија: Кожув – Беласица

Тетово: Тетекс – Охрид

Скопје: Еуромилк – Шкупи

УТРЕ, 16.30 Ч

Новаци: Пелистер – Работнички

Струмица: Брера – Македонија ЃП

ПретходноПМФЛ: “Пиратите“ против Башкими по прва победа сезонава
СледноСинот на Перо Антиќ почнува тренерска кариера!(ФОТО)