Како што информираат од раководството на РК Вардар, билетите за дуелот со Нант, првиот домашен меч во годинашната сезона во Лигата на Шампионите, се пуштени во продажба.
Овој натпревар е закажан за 16 септември во 18:45 часот а се игра во салата „Јане Сандански“ во Скопје:
“ВО ПРОДАЖБА СЕ БИЛЕТИТЕ ЗА ДУЕЛОТ ВАРДАР – НАНТ
Вардар на 16 септември го пречекува Нант во првиот домашен натпревар од новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите.
Во продажба се пуштени билетите за натпреварот меѓу Вардар и француски Нант, кој ќе се одигра на 16 септември 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Црвено-црните се враќаат во Лигата на шампионите, а за првиот европски предизвик на домашен терен ќе биде потребна силна поддршка од трибините.
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво онлајн преку vtickets.mk.
Линк за купивање на билет за мечот – https://vtickets.mk/event/vardar-1961-vs-nant/224
Цените на билетите се следни:
Блокови A1, A2, A3, A4, A5 и A6 – 600 денари
Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 15 и 16, како и блок G – 500 денари
Блокови 1, 2 и 9, како и блок A – 400 денари
Бидете дел од првата европска вечер во нашиот дом. Да го исполниме „Јане Сандански“ и заедно да ја почнеме новата сезона во Лигата на шампионите!“ информираат од РК Вардар.










