На церемонијата по повод 25-годишнината од АБА лигата, симболично беа избрани 25-те најдобри кошаркари во историјата на регионалното првенство, а листата ја предводи никој друг туку Никола Јокиќ.
Тука е и Лестер Бо Мекејлеб, кој беше дел од нашата репрезентација во минатото.
На листата има вкупно девет српски кошаркари, најмногу а само сегашниот центар на Денвер Нагетс, поранешен член на Мега, не играл за ниту еден од вечните ривали. Партизан и Црвена Звезда се претставени со по седум кошаркари. Црно-белите на споменатата листа се Дејан Милојевиќ, Богдан Богдановиќ, Никола Пековиќ, Јан Весели, Бо Мекејлеб, Душан Кецман и Немања Гордиќ, додека црвено-белата опрема ја носеа Милош Теодосиќ, Никола Калиниќ, Игор Ракочевиќ, Василије Мициќ, Немања Бјелица, Чарлс Џенкинс и Факундо Кампако. Меѓу преостанатите играчи се уште Дарио Шариќ, Горан Драгиќ, Никола Вучевиќ, Јака Лаковиќ, Бојан Богдановиќ, Дино Радја, Лука Божиќ, Крунослав Симон, Марко Поповиќ и Анте Томиќ.










