ПМФЛ: “Пиратите“ против Башкими по прва победа сезонава

62

Денеска од 16.30 часот на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, се игра еден меч од тековното 6.коло во нашата елитна лига. Се среќаваат Скопје и Башкими, тоа се единствените екипи кои досега во изминатите пет кола немаат забележано победа. Можеби вакво нешто се очекуваше од кумановци, но сепак од тимот на Скопје се очекуваше подобар старт, тим кој има само три бода по трите ремија.

Па така, ова е убава шанса за тимот на Муарем Мураем, инаку екс-тренер на Башкими, да одигра добро и секако да дојде до првиот триумф.

Инаку нема да им биде лесно на “Пиратите“, тоа никако, без разлика што играат против најслабиот тим во лигата. Имено Башкими на последните два меча, иако беше поразен, покажа дека сега се потешко ќе им биде на ривалите да го победат. Па нема да биде изненадување или некоја голема сензација ако кумановци успеат некако да дојдат до првиот бод сезонава.

Од друга страна тимот на Скопје е фаворит, тука нема дилеми и се осве победа на домашниот состав, ќе биде големо изненадување.

Уште еднаш, мечот Скопје – Башкими се игра попладнево на ФФМ со почеток од 16.30 часот, а за главен судија е одреден Фуркан Идризи.

ПретходноРК Алкалоид денеска ја стартува новата сезона во Суперлигата
СледноВМФЛ: Беласица на гости кај Кожув, утре се играт двете дербија во Новаци и Струмица