Серафимов без сериозна повреда, ќе се врати ли до репрезентативната пауза?

47

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов нема да има подолга пауза по повредата здобиена на натпреварот против Славија во дресот на неговиот Левски.

Македонскиот репрезентативец го исчаши лактот и предвреме го напушти теренот. Иако повредата во прв момент изгледаше сериозно, прегледите покажале дека нема поголеми оштетувања.

Серафимов денеска се појави на стадионот на Левски за да го гледа дербито со ЦСКА. Според бугарските медиуми, тој ќе биде подготвен да се врати по репрезентативната пауза, што остава простор за дилеми дали ќе биде подготвен за настап за нашата репрезентација на стартот на Лигата на нации

ПретходноШалке го запре шампионот, Баерн без „муниција“ во Гелзенкирхен
СледноИталија и Турција ќе се борат за европскиот престол