Бледиот Јуве во последните минути се извлече од пораз со Милан

116

Екипите на Јувентус и Милан ги поделија бодовите во дербито од 3-тото коло од италијханската Серија А. Натпреварот на „Алианц стадионот“ заврши со резултат 1:1.

Иако мечот беше најавуван како големо дерби, двете екипи не покажаа спектакуларна игра и просто кажано играа за да не загубат. Шанси на двете страни речиси и да немаше, а главните битки се решаваа на средината на теренот. Милан изненадувачки поведе во 68-та минута со голот на Сисе, а до крајот на натпреварот Јуве со сите сили се обидуваше да изедначи. Голот за домаќините пристигна во 92-та минута кога Гати ја испрати топката во мрежата на Мањан.

Со ова реми двете екипи остануваат на 4-тото и 5-тото место на табелата со по 7 бода.

ПретходноГаштаров: Среќен сум за моето прво големо дерби