Бугарски репрезентативец колабираше на меч во Серија Б

57

Голема паника се случи на натпреварот од третото коло во Серија Б меѓу Јуве Стабија и Пиза, откако дефанзивецот на гостите Росен Божинов ненадејно се струполи на теренот во 40. минута.

21-годишниот бугарски фудбалер падна додека играта беше во прекин, по што веднаш реагираа играчите на двете екипи и медицинските тимови. Божинов останал свесен, но поради состојбата мораше да биде изнесен од теренот на носилки и префрлен во болница на дополнителни прегледи.

Според првичните информации од Пиза и Серија Б, проблемот бил предизвикан од силна дехидратација, при што биле забележани и почетни конвулзии. Клубот подоцна соопшти дека состојбата на фудбалерот е добра. Поради сериозноста на моментот, судијата Андреа Калцавара разговараше со капитените и клупите, по што натпреварот беше привремено прекинат.

Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните додека се чекаше информација за состојбата на Божинов. Откако било потврдено дека дефанзивецот е стабилен, натпреварот продолжил по пауза од околу 40 минути, а Божинов беше заменет со Копола.

ПретходноГаштаров изнуди пенал, Ц. Звезда со пресврт го доби „вечното дерби“
СледноУЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?