Вардар без Пиреш на дуелот со Арсими

176

Тимот на Вардар со новиот тренер, во името на Миодраг Божовиќ веќе три дена се подготвува за она што ќе биде прв предизвик за искусниот црногорски стратег.

А тоа е дуелот од шестото ПМФЛ коло против тимот на Арсими. Дуелот се игра на комплексот Петар Милошевски во Скопје, утре од 19:00 часот.

Што се однесува пак до ростерот на „црвено – црните“, Божовиќ нема да може да смета најверојатно на португалецот Мануел Пиреш, кој што се повреди на еден од тренинзите пред мечот.

Од друга страна пак, останатите се во конкуренција, а ќе видиме конкретно за кого Божовиќ ќе се одлучи да го стави во првите единаесет.

Вардар е во серија од три меча без пораз, од кој извојува две победи. Сепак, едната е онаа против нисколигашот Овче Поле во купот, а претходно беше извлечен бод против тимот на Тиквеш во Кавадарци.

 

ПретходноСулиман: Башкими има квалитет, и тоа ќе го покаже многупати сезонава
СледноВардар чека на Стефан Ристовски, тој на јахта одмара со Мрме