На 39 години Варди повторно ќе игра во Англија

65
фото: CentreGoals. @centregoals (X)

Џејми Варди официјално се врати во англискиот фудбал, откако денеска потпиша за Барнли.

39-годишниот напаѓач стави потпис на едногодишен договор со клубот од Чемпионшип. Варди минатата сезона настапуваше за Кремонезе, а летово остана без клуб.

Искусниот голгетер најголемиот дел од кариерата го мина во Лестер, со кој стана шампион на Англија во сезоната 2015/16. Во дресот на „лисиците“ постигна 200 голови на 500 настапи.

Барнли по пет кола е последен во Чемпионшип со само два освоени бода, па Варди доаѓа како големо засилување во обидот за пресврт на сезоната.

ПретходноТомовски пoвторно одличен, но Лемго славеше кај Битигхајм
СледноШампионски пресврт: Арсенал славеше во лондонското дерби