УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

45

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА.

Ортиз ќе мора да отслужи казната која датира од неговите настапи во европските натпреварувања пред повеќе од две години (2024). 24-годишниот крилен напаѓач летово доби место во првиот тим на Атлетико и го носи бројот 16, но за мечот со Ливерпул ќе мора да биде на трибините.

На 15 август 2024 година, Ортиз добил црвен картон во квалификацискиот натпревар од Конференциската лига против Ст. Гален, кој тогашниот негов тим Сласк го загубил со 3:2. Поради таа суспензија, дел од казната останала неиздржана, па сега се активира токму во Лигата на шампионите.

ПретходноБугарски репрезентативец колабираше на меч во Серија Б
СледноУрнебесно: Еве како гредата падна врз голманот!(ВИДЕО)