Иако на пријателска, сепак нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ уште еднаш ја покажа својата класа. Имено на дебито за Арис на пријателскиот меч со Викос Фалконс, Македонецот успеа да запише 20 поени и со тоа да биде најефикасен во тимот на Арис кој успеа да победи со 97:80.
Нено исто така со овој настап покажа дека ќе биде лидер на тимот, иако на оваа средба тренерот Спанулис не можеше да смета на неколку свои играчи.
Следната недела Нено и Арис ги чека силен турнир во Никозија, а “генералката“ во пресрет на стартот на сезоната ќе биде од 20 до 22 септември на турнир во Солун каде ќе учествува и ТФТ.
Колку за потсетување, минатата недела Нено оствари историски трипл-дабл во победата на Македонија на гости кај Австрија.










