Барса ја разнесе Валенсија: Столе петпати одбрани, но и прими пет гола

67
фото: FC Barcelona @FCBarcelona (X)

Барселона продолжува со импресивните настапи во новата сезона на Ла Лига. Каталонскиот гигант славеше со убедливи 5:0 на гостувањето кај Валенсија.

Тимот на Ханси Флик уште од самиот почеток наметна висок ритам и целосно го контролираше натпреварот. На голот на Валенсија беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој и покрај петте примени гола имаше пет успешни интервенции.

Барселона со офанзивната игра постојано го притискаше домаќинот и создаваше големи проблеми пред неговиот гол.

Каталонците ја крунисаа доминацијата со пет погодоци и стигнаа до убедлив триумф. Головите за Барса ги постигнаа: Јамал (2), Фермин, Рафиња и Педри.

ПретходноВлезе во соблекувалната, им вети бонус од 1 милион евра на играчите, а потоа си замина со јахта!(ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Пелистер го “реши“ Работнички, Брера победнички со “Лавовите“