ГРАНДЕ КИМИ: Антонели е првиот Италијанец кој по 60 години победил на Монца!

152
ФОТО:x.com/F1

Кими Антонели е чудо. Иако тинејџерот на денешната трка во Монца сртартуваше од последните позиции, сепак Кими Антонели со својот Мерцедес успеа да победи на култната патека за ГН на Италија.

И тој е првиот Италијанец кој успеал по цели 60 години да победи на Монца. Браво и секоја чест за Кими.

Италијанец победува за ГН на Италија по 60 години.

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Младиот Италијанец славеше на својот домашен терен во Монца, каде што ја забележа својата седма победа во сезоната, а воедно и во кариерата, откако стартуваше од 19-та позиција поради промена на погонската единица.
Антонели до победата дојде победувајќи го својот свозач Џорџ Расел во меѓусебен дуел, бидејќи во еден момент заврши во песокта. На овој начин, Кими ја забележа првата победа за Италија по половина век, откако претходната ја забележа Лудовико Скарфиоти во 1966 година.
Антонели и Расел беа одвоени за нешто помалку од четири секунди на целта, додека Макс Верстапен од Ред Бул беше на третото скалило на подиумот. Четирикратниот светски шампион беше речиси 15 секунди зад победникот.

ПретходноХаос пред стартот на ЛШ: Гигантите во криза, а Мурињо остана само со еден играч за врска пред дербито со Интер
СледноЈунајтед во 90+6.минута испушти победа на гости кај Евертон