Да се избориме за Ахмети, Таири, Јакупи…..

230

Македонските национални состави, периодов како што е тоа вообичаено ќе имаат доста активности. Од оние не натпреварувачките генерации, како У15, У16, па се до оние најважните како У21 односно А репрезентацијата.

Нам како фудбалска нација секогаш ни се потребни засилувања. Дијаспората тука е да помогне, оваа тема СпортСпорт ја има екслопатирано до максимум и секогаш е тука да помогне во пронаоѓањето на новитети на оваа тема.

Од оние кои што да речеме веќе и се познати на нашата јавност, односно СпортСпорт веќе ги има промовирано како наши потенцијални репрезентативци со потекло од Македонија во овој текст прв ќе го спомене Дукан Ахмети.

Момчето кое што е во моментов првотимец на хрватска Истра. Се работи за офанзивец кој што има само 18. Години и кој што е репрезентативец на Хрватска до 19. Години. Веќе има сериозна минутажа во Истра, му даде гол на Хајдук, асистираше против Ријека, а интересно токму против Динамо и погоди и додаде за реализација.

Тој е сериозен потенцијал, а што се однесува до Македонија, неговото потекло е од Пирок, тетовско.

Следниот на листата е Един Јакупи. Момчето кое што има потекло од селото Татеши, крај Струга е член на големиот Рапид од Виена. Има сериозна минутажа во младинските селекции на Австрија, клупски во моментов настапува за вториот тим. Роден е во 2009 година и има само 17. Години, а по вокација е играч за врска. Неговиот брат Валдет своевремено настапи на неколку мечеви за младинските селекции за Македонија. Што се однесува до Един ние мора многу бргу да реагираме затоа што да речеме тој има еден настап дури и на пријателски меч за Албанија У15.

Се селиме во Швајцарија. Зидан Таири е момчето кое што има потекло од Гостивар и е офазивен играч за врска. Како голем талент за тимот на Цирих, момчето родено исто така 2009 година замина во Германија во Хофенхајм. Сепак, по сениорска минутажа се врати дома што се вели и потпиша за Арау. Таму сезонава има сосема солидна минутажа, претежно влегувајќи од клупата. За Швајцарија има преку четириесет настапи за младинските селекции од најмала возраст до У19 генерацијата. Во тимот на Арау на пример го имаме и Андрин Дебрачи кој што е 2008 годиште.

Дебрачи конкурира и за А селекцијата

Конечно, наговиот брат Дориан Дебрачи е најстар од сите овие млади момчиња и е 2006 годиште. Семејството Дебрачи има исто така потекло од Струга, а Дориан својот фудбалски пат го започна исто така во Арау, за да сега настапува за тимот на Тун. Има одлични предиспозиции се работи за играч за врска кој што ете во моментов стигна да има настап и за У21 селекцијата на Швајцарија. И тој има преку дваесет забележани настапи во националниот дрес на оваа земја, но доколку Македонија го убеди да ги промени националните бои, може слободно да конкурира и за А репрезентацијата.

 

ПретходноВо Штип е можна смена на тренерот Кузманов
СледноБрегалница му даде отказ на Никола Кузманов